Одделението за превентива при Полицијската станица од општа надлежност Кавадарци во соработка со Општинскиот Совет против малоплетничко престапништво денеска започнаа со нова акција по опоштинските основни и средни училишта.
Станува збор за серија предавања и работилници за едукација со учениците општината на тема „Кажи не на дрогите“.
Први со оваа нова активност беа опфатени учениците од 5-то одделение при ООУ „Димката Ангелов-Габерот“ од село Ваташа. Тие сопомош на полициски инспектори во улога на едукатори работа на тема: „Кажете ,,не,, на дрогите“.
Инспекторот по превенција Димитар Каракулев за почеткото на новата активност вели: „децата од Ваташа денеска слушнаа, разбраа, рекоа ,,не,, и упатија јасни пораки до сите нивни врсници и другарчиња. Охрабрени од нивниот интерес ние „Продолжуваме понатаму“.
Според Каракулев оваа нова акција на одделението за превентива при кавадаречката полиција под покровителство на општината интензивно ќе се спроведува во наредните триесеттина денови при што ќе бидат опфатени сите кавадаречки образовни институции.
Додади коментар